Јанева трет ден не се појавува на работа во СЈО!

Катица Јанева, шефицата на Специјалното јавно обвинителство, трет работен ден по ред не доаѓа на работа во СЈО, односно како што објави ТВ21, нема поднесено никакво известување или барање до правната служба за користење на одмор или дека е спречена да го направи тоа.
Според законските прописи, на Јанева и следува отказ. Таа се уште е ангажирана во СЈО, а поднесената оставка ќе се активира откако партиите ќе се договорат за нејзин наследник и откако ќе биде донесен новиот закон за јавно обвинителство.
По оставката Јанева ја нема во јавноста, а се шпекулира дека првоосомничениот во случајот “Рекет” е поврзан со специјалната јавна обвинителка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e