Јанева e во посебен оддел во притвор, има една „цимерка“

Затоа што е лице од посебен интерес поради безбедносна проценка специјалната обвинителка Катица Јанева не е сместена во женското притворското одделение, вели директорот на истражниот затвор Скопје, Есад Рахиќ во интервју за Радио Слободна Европа.

о посебен оддел, со уште една приведена, специјалната обвинителка Катица Јанева ги минува деновите во притвор. Јанева не е во женското одделение, таа е во посебен оддел поради безбедносна проценка на затворската управа, изјави директорот на истражниот затвор Скопје Есад Рахиќ во интервју за Радио Слободна Европа што в целост ќе се емитува в недела.

„Во принцип ниедно притворено лице не е само. Секогаш мора да има уште еден. Меѓутоа, со оглед на тоа дека станува збор за личност која била специјален обвинител, од посебен општествен интерес, и бидејќи тоа е така брзо направено, ние сметавме дека во еден временски период ние треба да направиме комплетна проценка од безбедносен и здравствен аспект, вели Рахиќ.

Тој додава дека сега во притворот има 18 жени, што е најголем број на притворенички досега, а затворот Шутка е ограничен со капацитетите за сместување.

„Тоа се поголеми оддаи да не речам ќелии во кои има по 4, 5 до 6 жени. Знаете, малку е незгодно, има различни профили на жени, имате женски лица осудени за убиства, имате за изнуда, знаете малку е тешко да вклопите еден таков профил како Јанева меѓу тие лица. Но ние си ја вршиме нашата работа, таа е сместена на најдобар начин на кој ние можеме да сториме,“ вели Рахиќ.

Повеќе прочитајте на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e