Јанакиески со уцена во “Титаник”: Нека работи за нас за изборите, или ќе лета од работа!

За локалните збори во 2013 година важен бил секој глас, особено за општина Центар, каде што политичката борба беше најжестока. Затоа во еден од разговорите објавен на судењето за случајот “Титаник” се слуша како тогашниот министер Миле Јанакиески е нервозен што вработен на аеродром агитирал за Андреј Жерновски, кандидатот на СДСМ.

-Нешо работи како пожарникар на аеродром. Работи за Жерновски. Кажи му да работи за нас или ќе лета од работа, му вели Јанакиески на соговорник.

Соговорникот пак му вели дека тој е другар на Бучковски, и знаел дека не е нивен.

-Ѓубре е тој и во синдикат е пикнат, му вели соговорникот, но додава дека не може да му се закани, по што Јанакиески му вели слободно да кажел дека така му порачал министерот, односно тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e