По притисоците врз секој вработен во администрацијата, врз свои партиски членови и нивни роднини, вработени во приватни фирми и компании, обвинетиот ексминистер за транспорт и врски Миле Јанакиески паѓа во очај од резултатот од излезноста во општина Центар на локалните избори во 2013 година. На крајот на денот му доаѓаат нови идеи, неслушнати во досегашните над 550 прислушувани разговори пуштени на судењето за предметот на СЈО „Титаник“, пренесува СДК.
„Дајте налог од по куќи да се земаат луѓе што не излегле да гласаат!“, наредува Миле.
„Добро“, му вели соговорник со тивок глас.
Станува сè поочаен од големата излезност на „комуњарите“, како што вели, и му текнува нова идеја.
Повеќе ТУКА.
