Промени три политички партии. Истите му донеса три градоначалнички мандати и две министерски позиции. Вака се развиваше политичката кариера на претседателот на ГРОМ – Стевчо Јакимовски, кој избегна притвор во истражниот затвор во Шутка и помина со куќен притвор поради истраги врзани со приватизација и продажба на градежно земјиште.
Како член на ЛДП и на СДСМ ја критикуваше ВМРО-ДПМНЕ, кога ја формираше ГРОМ во 2014 година почна војна со неговите стари сопартијци и отворено застана зад политиките на Никола Груевски. Држеше прес конференции во седиштето на Социјалдемократите за криминалот на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа најголем непријател му стана на Зоран Заев, пишува Истражувачката репортерска лабораторија.
Никола Груевски го нарекуваше „Лопаташ“ кој ништо друго не работел, освен што фрлал лопати на секој чекор. А, кога ја смени страната го обвинуваше Зоран Заев дека му барал мито од 250.000 евра.
Целата сторија на Маја Јовановска прочитајте ја тука.