Јакимовски е осомничен за проневера на огромни средства а неговото приведување за Силјановска е шокантно

Ги брани ли насилството и криминалот, кандидатката на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, Гордана Силјановска-Давкова?

Ако изминативе денови, Силјановска не ја поздрави одлуката на судот да ги прогласи за виновни насилниците кои упаднаа во Собранието, тепаа пратеници и се обидоа да извршат обид за убиство, туку напротив ги советуваше, според неа правдината да си ја барале во повисоките институции и меѓународни судови, денеска кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, приведувањето на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, го нарече шокантно.

Како е можно за кандидат за претседател на држава, приведување на осомничен за злоупотреба на огромни средства, да биде шокантно? Дали тоа значи дека доколку биде избрана за претседател, има намера да аболицира лица кои имаат нанесено голема финансиска штета кон државата и граѓаните?

Силјановска најверојатно вака реагира, бидејки доби поддршка од партијата на Јакимовски, ГРОМ. Но доколку сака да биде вршител на највисоката функција во државата, кандидатката на Мицкоски во иднина треба да внимава во чија одбрана застанува. Граѓаните не сакаат политичари кои бранат криминал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e