Од ВМРО-ДПМНЕ официјално излегоа со соопштение дека Извршниот комитет на партијата ја отфрлиле иницијатива од страна на повеќемина актуелни и поранешни функционери.
– Иницијативата објавена во медиуми не доби поддршка од Извршниот комитет кој одлучи истата да не ја предложи на денешната седница на Централниот комитет на партијата. Извршниот комитет ја разгледа и информацијата околу подготовките за одржување на Вонредниот 16 Конгрес кој ќе се одржи на 22 и 23 декември во Валандово – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.