На веб страницата на Државната изборна комсиија е објавена бројка од 34,38 проценти за излезност на гласачите до 17 часот.
Според информациите до сега го искористиле своето избирачко право 568 илјади и 110 граѓани.
Податоците се од обработени 91,02 проценти избирачки места.
Во Списокот на избирачи се впишани вкупно 1.808.131 гласач.
Најголема излезност има во општините Крива Паланка 57,82%, Демир Капија 52,78%, Демир Хисар 51,94%, Крушево 50,60%, Прилеп 50,03% и Вевчани 50,93%.
Најмала излезност до 17 часот има во Пласница 12.04 отсто, Центар Жупа 12,67 отсто, Желино 13,62 отсто и Липково 13, 55 отсто.

