ИЗИИС: Градинките и школите се градат без сеизмичка анализа на земјиштето

Државата води сметка за сеизмичката безбедност на објекти во кои е сместенa јавната администрација во државните институции, но не и за објектите во кои се сместени градинките, средните и основните школи, алармираат екперти од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).

Во разговор за Сакам да кажам. тие објаснуваат дека градинките и школите се прогласени за објекти од втора категорија, за кои не важат строгите критериуми кои треба инвеститорите да ги исполнат кога градат објекти од прва категорија.

 „За инвеститорот да добие одобрение за градење на детска градинка, постојните закони не го обврзуваат да направи анализа на земјиштето каде што се планира градбата. Ваквата анализа е потребна за да покаже каков вид на градба би била најбезбедна во зависност од подлогата на која се гради. Тие се обврзани само да добијат позитивно мислење за сеизмичката стабилност на објектот што сакаат да го градат од нас кое не вклучува и анализа на земјиштето. За такви анализи обврзани се само инвеститорите на градбите од прва ктегорија“, велат од ИЗИИС.

Според Законот за градба, градби од прва категорија се градби од посебно значење за Републиката и за нив одобрение за градење издава органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот. Такви се градбите за потребите на државните органи и агенциите и фондовите основани од Република Македонија, но не и градинките и школите кои според овој закон се градби од локално значење и за нив одобрение за градење издава градоначалникот на општината, односно градоначалниците на општините во градот Скопје.

Текстот во целост прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e