Избркан од УБК поради „27 април“ е ангажиран во кабинетот на министерот Чулев

Во кабинетот на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, е ангажирано лице кое доби отказ од Управата за безбедност и контраразунавање (УБК) поради настаните во Собранието од 27 април 2017 година, пренесе 360 степени.

Станува збор за Борислав Богдановски против кого се водеше дисциплинска постапка поради тоа што наредил да се одземат хард-дисковите со снимките од безбедносните камери во парламентот. Врз основа на дисциплиската, Богдановски доби и отказ, но сега е повторно ангажиран во МВР со договор на дело.

Информацијата за неговиот ангажман за „360 степени“ ја потврди и министерот Чулев, кој на прашањето зошто ангажира човек што бил избркан од УБК поради настаните на 27 април, одговори дека дисциплинската постапка против Богдановски била сомнителна, а отказот го добил незаконски.

Целиот текст на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e