„Избркај ја! Црквата ѝ е поважна од партијата“ – вели Јанакиески во една од бомбите за „Титаник“

Обвинетиот Миле Јанакиески му се жали на соговорник дека некоја директорка била ненормална оти не можела да дојде да координира деца без родители да гласаат со образложение дека постела. Во прислушуван разговор, пуштен на денешното судење за обемниот предмет на СЈО „Титаник“, Јанакиески вели дека на директорката ѝ бил поважен Господ од партијата.

„Миле оваа директоркава ич не соработува. Не доаѓа, постела. Морала на литургија да оди. Па и јас постам, па не одам на литургија“, му се жали Даниела Рангелова на обвинетиот Миле Јанакиески во продолжение на бомбите за „Титаник“ за изборни нерегуларности во три изборни циклуси.

„Избркај ја! Црквата ѝ е поважна од партијата“, коментира Миле.

„Ја избркав“, ја решила Рангелова религиозната директорка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e