Поранешниот градоначалник на скопската Општина Аеродром, Ивица Коневски го следи примерот на поранешниот министер за образование и здравство и пратеник, Никола Тодоров и отвори своја адвокатска канцеларија.
Спроед објавата на Централниот регистар тој адвокатската канцеларија „Адвокат Ивица Коневски“ ја основал на 1. јануари и истата се наоѓа во центарот на градот.
Коневски дипломирал право на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје.
Тој беше градоначалник на Општина Аеродром од 2009 до 2017 година.
Значи ли ова исто како Тодоров повлекување од партискиот ангажман, највероајтно да. Сепак останува вмрето да покаже.