Иванов по истекот на мандатот ќе работи во Турција?

Претседателот Ѓорѓе Иванов по истекот на вториот мандат ќе предава како професор во турскиот „Анкара Универзитет“, објави Слободен Печат.
Извори на весникот велат дека таму намеснки се отвора нова катедра за да може на истата да работи професорот по правни и политички науки.

Инаку претседателот Иванов на универзитетите во соседна Турција два пати добиваше титула на почесен професор, а повеќе пати беше поканет како предавач.

Како што пишува Слободен Печат, Иванов по сите контроверзни одлуки кои ги следеа неговите два мандати, тој нема намера да се врати во матичниот „Јустинијан први“ – правниот факултет при УКИМ.

Мандатот му истекува во април догодина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e