Ѓорге Иванов, кому вториот претседателски мандат му истекува на 12 мај 2019 година, нема да се враќа како професор на Правниот факултет кај што предаваше до пред 10 години, пренесе СДК.
Владата на прашање на порталот одговорила дека кабинетот на Иванов се интересирал официјално кај Службата за општи и заеднички работи, колку изнесува годишниот буџет за поранешен претседател на државата.
„Кабинетот на Иванов до СОЗР доставил прашање која е висината на определниот буџет и дали може да ги започнат подготовките за селидба. Одговорот на СОЗР е дека висината е 8% од годишниот буџет предвиден за институцијата Претседател на Република Северна Македонија и дека во рамките на тој буџет треба да поднесат до СОЗР и барање за канцелариски простор. Барањето до денеска, 1 мај 2019 година, се уште не е поднесено”, ни одговорија од Владата.
Повеќе прочитајте на следниов ЛИНК.
