Иванов наместо да ја демантира, ја потврди Антикорупциска

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов преку соопштение реагира на прес-конференцијата на Антикорупциската Комисија од каде денеска побараа од Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата да го раскине договорот за закуп на просториите на поранешниот претседател Ѓорѓи Иванов и да му додели канцеларии во државна сопственост.

Во соопштението од Иванов, проследено со Договорот за закуп се вели дека Антикорупциската Комисија изнесла невистини и свесно се обидела да манипулира со јавноста.

„Од договорот, јасно се гледа дека висината на закупнината на целосно опремен простор изнесува 1.950 евра месечно, а не како што денеска беше прикажано дека е 4.500 евра“, .

пишува во соопштението испратено од поранешниот претседател Иванов
Од Антикорупциска не им е јасно што демантира екс-претседателот Иванов со оглед дека и тие денеска соопштија дека Договорот за закуп изнесува 1950 евра, но со комунални трошоци, тој достигнува 4.500 евра а со оглед дека тоа се многу високи средства што се издвојуваат од џебот на граѓаните, тие побараат СОЗР да го раскине Договорот и да му обезбеди простории за канцеларија во државна сопственост.

Освен киријата од 1.950 евра, за поранешниот претседател се исплаќаат и плати за тројца вработени, се подмируваат комуналните сметки, му следува службено возило и возач чие комплетно одржување се плаќа од Буџетот, а претседателот има пензија во висина од месечната плата. Сите овие привилегии важат доживотно.

Антикорупциска побара да бидат укинати и овие привилегии на поранешните претседатели предвидени со Законот за правата на претседателот и неговото семејство по завршувањето на функцијата.

Инаку, по завршувањето на мандатот, Иванов закупи канцелариски канцеларии во зградата на Џеваир од 274 метри квадрати.

Целиот текст прочитајте го на 360 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e