Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Молдавија, додека истовремено еврокомесарот за проширување Јоханмес Хан е во Скопје за почетокот на скрининг-процесот за интегрирање кон ЕУ.
Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, во Кишињев со највисоки државни и воени почести ќе биде примен од претседателот на Република Молдавија, Игор Додон.
Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што двете официјални делегации ќе одржат пленарен состанок.
Во рамки на официјалната посета, македонскиот претседател ќе оствари средба со молдавскиот премиер Павел Филип и со претседателот на Парламентот на Република Молдавија, Андриан Канду.