На 02.11.2017 година околу 17.10 часот во изнајмен апартман на ул. „Томе Арсовски“ во Скопје бил пронајден починат М.М. (44) од Италија.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на судска медицина за обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.