Истражувањето граѓанската организација „Finance think“ покажува дека наставниците кои користат методи на дискусии и дебати имаат ученици со повисоки достигнувања.
Констатацијата од истражувањето насловено како „Петки во дневник – Единици на ПИСА: Пет приоритети за подобрување на квалитетот на основното образование“ е дека во Македонија се уште се доминантни традиционалните методи на настави каде наставникот е пренесувач на знаењето, а ученикот е пасивен примател и според експертите тука треба да се бараат причините за слабите оценки на тестирањето на ПИСА.
Според Ана Мицковска-Ралева од Центарот за истражување и креирање политики која е дел од истражувачкиот тим, анализата на ПИСА резултатите покажуваат дека мотивацијата на учениците е инструментална, дека тие најчето учат да се постигне добра оценка и да се задоволат родителите, а не се учи заради знаење. Наставниците, вели таа се чуствуваат недоволно консултирани во реформите во образованието како и недоволно подготвени за тие промени.
Препораките кои денеска се презентираат од истражувањето се поклопуваат со плановите и програмата на Владата на РМ за реформите во образованието, рече министерката за образование и наука Рената Тренеска-Десковска, додавајќи дека е задоволна што граѓанските сектор е оној кој што ги нуди издржаните и стручни анализи, креативните предлози и професионалниот пристап кон решавање на проблемите.
-Загрижена сум заради слабите постигнувања во континуитет на меѓународните тестирања и досегашното непреземање на активности за подобрување на аспектите коишто се заслужни за ваквите слаби резултати кои треба да бидат тема на сериозен пристап. Македонија досега учествувала на повеќе меѓународни мерења со кои се утврдува каде е образованието во нашата земја и каков е образовбниот процес наспроти другите држави кои имаат поголеми постигнувања како и кои се факторите кои влијаат врз постигнувањето на учениците. Резултатите на учениците од овие истражувања во Македонија беа под просекот, рече Тренеска-Десковска.
Таа и денеска најави системски промени во образовниот процес преку измена на законите и подзаконските акти.
Во првиот дел рече дека веќе се интервенирало во зголемување на буџетот за 2018 година. Многу од работите коишто треба да се променат, според неа, се однесуваат на мотивацијата на учениците и наставниците, на креативноста во работата и учењето, на инцијативота на инклузивноста на следење на современите трендови во настава и користење на современи методи. Министерката Тренеска-Десковска додаде дека за овие работи не треба промена на закон туку треба промена на односот и на менталниот склоп.
Амбасадорот на Велика Британија во Македонија Чарлс Гарет истакна дека ја подржува ваквата дебата за која рече дека ќе помогне во националната стратегија за подобрување на основното образование во Македонија. Според него студијата за квалитетот на образованието ќе биде клучот во областите кадешто треба да има подобрување во развојот на улилишните програми, мотивацијата, учењето и соработката на доусовршување.