Истражување: Половина од македонците би прифатиле промена на името за влез во ЕУ и НАТО

Половина од етничките Македонци даваат поддршка за менување на името со цел влез на Македонија во ЕУ и НАТО, покажува анкетата на Институт за демократија „Социетас цивилис“.

При тоа 30 отсто од испитаниците од македонска националност одговориле дека целосно го поддржуваат тоа, а 20 отсто дека делумно. 42 отсто одговориле дека воопшто не поддржуваат промена на името.

За разлика од нив, етничките Албанци во Македонија речиси и да не се поделени. 95 отсто одговориле дека целосно или делумно поддржуваат промена на името, додека 1 отсто одговориле дека воопшто не поддржуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e