Македонија денеска треба да ги исполни препораките од комитетот за светско наследство на УНЕСКО за да не биде избришан Охрид од листата на светско наследство.
Министерството за култура треба да го поднесе извештајот до УНЕСКО и да информира што е преземено по препораките од Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации.
Невладините организации бараат да се прогласи мораториум на сите градежни модификации на крајбрежјето и урбаното подрачје во рамките на светското наследство, сè одека не се изработат сите релевантни плански документи и да се направи темелна проценка за утврдување на заштитна зона на Охрид, која би го вклучила и Преспанското езеро за да се изготви стратешка оцена за влијанието врз животната средина за планот за управување со охридскиот регион 2016-2025.