-Добив телефонски повик од полициска станица, ме повикаа на разговор бидејќи сум бил осомничен за разбојништво, посочив дека сум на работа и дека откако ќе ми заврши смената ќе дојдам во станицата. По само половина час дојдоа полицајци на местото каде што работев, разговараа со мојот работодавач и пред сите на груб начин ме приведоа, по што речиси сите колеги дознаа дека во минатото сум употребувал дрога. Следниот ден бев отпуштен од работа. Бидејќи бев потресен од се што се случи повторно земав дрога, ми се влоши здравствената состојба и по неколку месеци ми ја ампутираа ногата, сведочи еден од лицата на кои им биле прекршени човековите права поради тоа што употребуваат или употребувале дроги.
Од Коалицијата „Маргини“ наведуваат дека иако е забележана мотивираност кај лицата кои употребуваат дроги за пријавување на случаите на дискриминација и други повреди на нивните права, сепак не се охрабрени за случаите да поведат постапка.
– Во 2017 година Коалцијата документираше 20 случаи на прекршување на правата на луѓето кои употребуваат дроги. Прекршување на правата од страна на полицијата, како малтретирање, деградирачко и понижувачко однесување, постојано сопирање и незаконско претресување, како и противзаконско и насилно земање брис во полициска станица. Дискриминација и понижувачки третман во здравствена установа, меѓу кои и одбивање здравствени услуги. Дискриминација во работни односи и проблеми со трети лица, како навреди , се само дел од кршењето на човековите права на лицата кои употребуваат или користеле дроги, вели Влатко Деков од Коалицијата „Маргини“.
Лице кое прима метадонска терапија бидејќи во минатото земал дроги посочува дека многу често е малтретиран од полицијата.
– На врвна забава пушев марихуана, светот беше совршен. За една година земав хероин. Едвај се одлучив да престанам. Сега сум на метадонска терапија, имам син кој не го гледам, сопруга која се откажа од мене, единствени пријатели ми се лицата кои се лекуваат од зависност, а моите родители се откажаа од мене. Животот ми е уништен, имав се, денес немам ништо. Се уште не знам како ќе се издигнам од калта во која сум паднат. Полицијата постојано ме малтретира, за секој грабеж во моето мало јас сум „виновен“. Не ме штедат ниту трети лица, но не пријавувам. Би требало да кажам „дојдов да ве пријавам дека ме тепавте“, раскажа тој.
Целиот текст можете да го прочитате на порталот Фокус на следниот ЛИНК.