Исплатени 72.1 милиони денари поддршка за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет до 1615 одгледувачи на овци, информираше ресорниот министер Љупчо Николовски.
Како корисници на оваа мерка се јавуваат одгледувачи на овци, кои имаат предадено јагне во регистриран кланичен капацитет во период од 1 јануари 2022 до 31 мај 2022 година.
Преку оваа интервентна субвенција на одгледувачите на овци им се доделува финансиска поддршка од 400 денари по грло за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет.
-И во време на светска криза, МЗШВ останува посветно во поддршката и грижата кон секој еден земјоделец, порача Николовски.
