Исчезнат авион најден во Катланово

Телевизија Нова неофицијално дознава дека авионот кој исчезнал од радарот во близина на скопскиот аеродром се урнал во близина на Катланово. Екипите за брза помош веќе се на теренот. Прес24 објави дека авионот е пронајден во атарот на селото Ветерско, велешко. Авионот се уште е во пламен.

Претходно од МВР за Телевизија Нова потврдија дека има авион кој исчезнал од радарот на скопскиот аеродром.

Неофицијално станува збор за авион марка „Пајпер“ со германски национални ознаки кој полетал од Тревизо – Италија и во него имало 6 патници. Авионот би уредно пријавен за дополнување гориво на Скопскиот аеродром.

Сигналот од радарот се изгубил во 17:35 часот на локација од аеродром “Александар Велики“ 10 км во правец према Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e