(ИРОНИЈА) Мицкоски на чело со двајца осомничени за тежок криминал ја предводеа колоната за “правда”

Вчерашниот марш кој се одржа пред Врховниот суд, од страна на ВМРО-ДПМНЕ, во првата колона беше предводен од лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

Она што остана впечатливо е дека до Мицкоски од левата и десната страна маршираа Игор Јанушев и Цветан Трипуновски.

Против Јанушев кој е генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, се води истрага поради отворено сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ поврзана со сомнителна набавка на автобуси за ЈСП Скопје.

Дополнителнителниот заменик министер во МЗШВ, Цветан Трипуновски, пак заработи кривична пријава за злоупотреба на службената должност со што се сомничи дека го оштетил министерството за 117.000 евра.

Зачудувачки е фактот што Мицкоски ја бара подршката од граѓаните за како што вели, враќање на правдата, а во исто време за најблиски свои соработници ги има лицата кои се обвинети или осомничени за тежок криминал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e