Во 2007 година директорот на студентскиoт дом „Пелагонија“ Азем Садики преку медиумите го најавува проектот „Во здраво тело здрав дух“ и најавува фитнес сала за студентите. Впечатокот којшто се стекнува е дека домот преку пренамена на просторот на осмиот кат ќе направи фитнес сала за студентите. Но, никој не кажа дека таа ќе се издава на приватно лице за тоа да врши комерцијална дејност и да остварува профит без притоа да се оправда интересот на студентите и самата институција. Државниот ревизор ова го посочува во својот извештај од 2010 година по којшто е покрената и кривична пријава за вкупно тројца директори, меѓу кои и актуелниот кој во моментов работи без мандат. ИРЛ открива дека седум години институциите ја чуваат во фиока иницијативата за кривична пријава против директорите. Еден од нив е близок човек на Али Ахмети – Бујар Муртезани, актуелниот директор на „Пелагонија“.
Повеќе прочитајте на следниов ЛИНК.