(ИНТЕРВЈУ) Пендаровски: ЕУ е единствената насока, ни требаат и политичкото искуство и демократските вредности

Пендаровски во најновото интервју вели дека ЕУ е единствената насока. Тој смета дека не можеме да мислиме само на профит, нам ни требаат и политичкото искуство и демократските вредности. За оваа и низа други теми во продолжение целосното интервју на Драган Антоновски со претседателот Стево Пендаровски.

Завршија празниците. Мислам дека ги поминавте во Охрид?

– Не, цело време сум во Скопје.

Сеедно. Како ја коментирате последната информација што ја добивме од УНЕСКО дека Охрид станува загрозен град?

– Јас пред година и половина по првите предупредувачки сигнали да ги наречам или извештаи што навестуваа неповолен развој на настаните, токму во Охрид, значи пред две лета, ги повикав градоначалникот и луѓето што се надлежни во нашите институции за следење на препораките на УНЕСКО и во тој период се договоривме да постапиме по тој сет препораки, први да ги наречам пред година и половина. Дали во меѓувреме поради изборите што ги имавме, дали поради некои други работи – изборите, пандемијата, изборите двапати ги одложувавме итн., јас не знам, меѓутоа, факт е дека овој, најновиот извештај на УНЕСКО кажува дека практично во изминатава година и половина се направени само козметички измени и тоа недоволно. И лоши се најавите што ги слушам, а тоа треба да ни го потврдат надлежните органи, дали е возможно наредниот период од овој статус на град под заштита на УНЕСКО да биде во опасност, како го именуваат со вокабуларот на УНЕСКО, која е една од предфазите кон евентуално не дај боже губење на целиот статус на град на УНЕСКО. Мислам дека во таа насока е добар потегот на премиерот, кој пред два дена ја собра целокупната Влада и особено ресорните министри и подели задачи во однос на препораките на УНЕСКО. Последни кои се мислам дека треба брза акција на државата, мултидимензионална, значи различни ресори. Не ја исклучувам локалната самоуправа, бидејќи е апсолутна катастрофа ако се дозволи Охрид да го изгуби тој статус. Јас се надевам дека наредниве месеци ќе видиме конкретна акција на државните органи, а не како минатиот пат да останеме само на реторика.

Добро, почнавме така поради тоа што ме информираа кога требаше да го правиме претходно интервјуто дека можеби ќе бидете за празниците таму?

– Сум бил претходно и ќе одам здравје боже, поради пандемијата мислам дека беше најдобро да ги почитуваме препораките на Комисијата и на докторите дека треба да останеме во кругот на семејствата. Не мора во пижами, меѓутоа во кругот на семејството.

Така, тема број еден  бугарското вето. Деновиве специјалниот претставник на Република Северна Македонија, Владо Бучковски, се врати од Софија. Му испорачаа ново „пакетче“, знаете што содржи тоа?

– Да. Станува збор за, во јавноста колку гледам, барем во еден доминантен дел од јавноста, дебата што е испровоцирана од политичката опозиција на што апсолутно има право, која вели дека станува збор за некаков анекс или протокол на Договорот што го имаме од 2017 година, а не за она за што навистина станува збор. Станува збор за Акциски план, кој ние го понудивме во наредниот период и на кој тие сега одговараат и во тој Акциски план понуден од наша страна нема апсолутно никаков момент од идентитетски белези, јазик, нација итн.

За што станува збор? По декемвриското де факто вето од Бугарија бидејќи тоа сепак беше одлука на ЕУ каде што не се постигна целосен консензус, ние понудивме сет мерки што би требало да ја „олабават“ да речам така атмосферата во наредниве месеци, бидејќи знаете дека Бугарија има предвремени парламентарни избори, веројатно март или април. И во тој предизборен период е многу тешко вие со „ладна“ глава, зборувам пред сè за колегите од Софија, да влезете во расправа за прашања за кои претходно и во период во кој немавме избори пред нас не можевме да се договориме од познати причини.

Во овој момент ние разговараме за да ги наречам не неважни, меѓутоа странични прашања на главниот проблем. Значи, зборуваме за инфраструктура, за образование, за медиуми, за подобро поврзување во различни области, во енергетиката, кои се врзани со главниот проблем. Главниот проблем го знаете – инсистирањето на Бугарија дека во идентитетските маркери на македонската нација треба пред 1944 година да се потпише дека биле бугарски, односно дека корените биле бугарски. Ние, се разбира, на тоа ниту некогаш сме се согласиле ниту ќе се согласиме во иднина, меѓутоа ако не успеавме да постигнеме согласност од двете страни, особено од софиска да нè пропуштат, да ни дозволат да почнеме со првото ниво во декември, од тие причини со користење на познатиот нивни вокабулар не верувам дека сега можеме во јануари, февруари, март тоа да го направиме.

Значи, станува збор за еден пристап инициран од наша страна, за кој се надевам дека бугарската страна ќе се согласи, кој треба да ја изгради повторно атмосферата на доверба, за да можеме да разговараме за сите прашања. Повторувам, не станува збор за никаков нов договор, додаток на договор, протокол, анекс итн.

Добро, ќе излезе нешто од ова во јавноста?

– Она што го знам како последна информација е дека најверојатно следната недела на собраниската Комисија за европски прашања или за надворешна политика двајцата во оваа смисла надлежни министри, значи Димитров за евроинтеграции и Османи…

Тоа го бараше претседателот на Комисијата за надворешна политика, Милошоски

– Го бараше, меѓутоа мислам дека е донесена одлука во Владата тоа да се случи. Нема причина зошто да не се случи. Тоа е нивна практично и тековна обврска одвреме-навреме да ги информираат законодавниот дом и пратениците. Значи, ќе има таква сесија, на која сигурно ќе се разговара и за најновиот развој на настаните во таа смисла, во смисла на документи…

Отворена  затворена за јавност?

– Не сум сигурен. Тоа треба да биде одлука на членовите на Комисијата. Не сум сигурен, да не ве лажам и мислам дека тоа ќе се решава како претходно прашање на самата седница кога ќе почне на Комисијата.

Она што вчера мислам го изјави министерката за надворешни на Бугарија, Захариева, апропо планот новиот испорачан документ од нивна страна дека главно содржи надминување на омразата и антибугарската политика со омраза од страна на Македонија, каде ја гледате омразата или како го коментирате нејзиното толкување на тие македонско-бугарски односи?

– Тие преку нивниот амбасадор во Брисел во ЕУ месеци наназад лиферуваат извештаи, значи пишани документи во кои нотираат една фрапантна бројка на наводни изјави што содржат говор на омраза. Можам да ви кажам дека уште од првите нивни такви извештаи до останатите земји членки на ЕУ таму се споменуваат бројки од 15-25 илјади, неверојатна бројка, веројатно ги бројат и оние што се објавени на социјалните мрежи. Инаку, друга логика нема. Значи, јас не тврдам, никој од кај нас не тврди дека тука нема говор на омраза, како што и тие не можат да тврдат дека од Софија кон нас не доаѓаат јасни и чисти дисквалификации и класичен говор на омраза. Кога ти мене не ми го признаваш правото на самоидентификација и кога велиш дека јас не сум тоа што самиот се идентификувам дека сум, значи тоа е дисквалификација од највисок вид. Меѓутоа, независно од тоа колкава е бројката, факт е дека сè уште постои, јас би рекол, една елезија од минатите времиња во двете држави, кај двата народи, кај двата главни града, во двете медиумски сцени ако сакате, кои се сè уште податливи на таков тип изјави. Значи, не велам дека кај нив има повеќе или кај нас повеќе. Велам дека ги има на двете страни и се согласувам со овој пристап, кој ние практично почнавме да го применуваме, не знам таму дали воопшто има некаква мерка во таа насока. Нашата Влада покажа дека луѓе, особено државни функционери што ќе излезат со такви изјави, во кои е содржан говор на омраза или дисквалификација етничка или религиска или каква било на другата страна, дека не може да бидат државни функционери.

Парадоксот, да речеме, обвинувањата, еве, броењата на говор на омраза коишто се како рековте на социјалните мрежи дефинитивно не можете тоа да го контролирате, но што кога станува збор за официјален пристап, институционален пристап, да речеме колку може да биде говор на омраза или ајде да не го дефинираме така лажни вести и пропаганда она што токму Захариева го изјави, односно го изедначи Јосип Броз Тито и Хитлер, да речеме е целиот тој пакет, тоа е институционално. Каракачанов да не го споменувам?

– Ви реков. И Каракачанов е институција. Значи, министер и вицепремиер е. Се согласувам. Сега тука околу лажните вести имаме – тоа е еден посебен феномен, кој не е врзан само за тој билатерален контекст меѓу Софија и Скопје. Тоа е глобален проблем и во најнапредните држави…

Да, ама различно е лажни вести – медиуми, лажни вести – социјални мрежи, лажни вести  поединци т.н. експерти, меѓутоа лажни вести  институции е еден сосема друг феномен?

– Се согласувам. Останува на државата што е во прашање кај нас или кај нив тоа да го санкционира. Ви реков, ние имавме еден случај познат во јавноста во кој функционер назначен од Владата во една државна агенција практично беше сменет од своето место затоа што според стојалиштето на Владата изрече говор на омраза или изјава во која има омраза кон другата страна, кон бугарската министерка за надворешни работи. Значи, тоа е единствен начин на кој вие можете да ги санкционирате луѓето што ги поставува државата или кога самата држава или самата институција, првиот човек таму особено продуцира такви лажни вести или говор на омраза. Инаку, знаете, ние таква одредба слична на ова што сега го говориме имаме во Преспанскиот договор, имаме и во Времената спогодба во 1995 година меѓу тогашната ФИРОМ како нè нарекуваа меѓународно, поранешна југословенска Република Македонија и Хеленската Република, во кој се зборува за државата, дека двете држави се должни да санкционираат говор на омраза или пропаганда ако е продуцирана. Значи, санкција ако е продуцирана од државен орган или политичар функционер на државата, а вели во однос на приватните ентитети – социјалните мрежи дека ќе ги обескуражува, ќе ги обесхрабрува. Тоа е сè.

Целото интервју на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e