Интервју со министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Крива Паланка: Шансите ќе се отворат ,ќе има поголема поддршка а на нас ќе биде тоа да знаеме да го искористиме и да го сработиме. Напред не води кон голема шанса Македонија да ја биде сите нас како граѓани заедно, назад не води таму каде што бевме во изолација и неизвесност.
– Министре како ја оценувате денешната посета на Крива Паланка?
– Се сретнував со луѓе,пензионери, студенти и после се само уште повеќе ми се засили впечатокот уште кога доаѓав наваму,потребни се нови работни места,поголеми плати,потребна е инфраструктура на Крива Паланка .Морам да кажам дека на Паланка не и е туѓа Европа овде има доста проекти од европски фондови и се обидувам да им објаснам на граѓаните дека крупните стратешки прашања во надворешната политика имаат директна рефлексија на локалните проблеми.Ако ја отвориме вратата и тргнеме напред,сметам дека овде мора да се донесе некоја покрупна странска инвестиција, а секако свој придонес ќе има и изградбата на патот Ранковце – Крива Паланка од 78 милиони евра.Ова е пограничен град убаво ќе биде да се отвори и кон Србија за заживување и на тој дел,мислам дека има голем потенцијал за туризам кој не е доволно развиен,а сега имав можност да видам низ улица и граѓани од соседни држави.Треба да го направиме чекорот,да ја отвориме таа врата за да влезат повеќе пари,повеќе надеж и да има повеќе работа бидејќи од младите со кој разговарав дел беа студенти, еден дел беа надвор три месеци со работа во Германија три месеци во Крива Паланка затоа,мора да си ја донесеме Европа во Македонија да си ја направиме наша европска и нашиот пасош да биде вреден а не пасошите на други држави,некој луѓе веднаш тоа го разбраа додека некои по нашиот разговор верувам се размислија.
-Македонија е интересна за посета на бројни европски државници,дали тоа значи дека Македонија е во фокусот на интересите на меѓународната заедница и колку таа го заслужува тоа?
– Ние сме закочени долги години една цела генерација и тоа создаде една политичка и морална криза каде што почнавме да одиме назад,шансата да се отвори вратата да се затвори овој децениски спор е важна вест не само за нас и за Грција туку и за Балканот и за Берлин,ќе имаме прва вистинска посета на германски канцелар ,Меркел и тоа токму на денот на независноста,исто така австрискиот канцелар Курц кој сега претседава со Советот на Европската Унија,тоа значи дека шансата ни е да излеземе од чекалната што е важно за цела Европа.Завчера на панел еден германски дипломат рече дека ова не е само интерес на Македонија и на Грција,ова е интерес и за Берлин,сакаме Македонија да биде постабилна и попросперитетна и целиот Балкан.Неодамна бев во посета на Приштина,каде им честитав за визната либерализација и министерот ми вели треба тебе да ти се заблагодарам,Вас на Македонија,бидејќи да не мрдневте вие тешко ќе беше вака отворивте врата за нас.Така да ова помогна на целиот регион.
– Членството во НАТО значи многу крупни инвестиции,повеќе пари,поголеми плати дали тоа значи дека младите ќе можат да ја имаат конечно Македонија како своја европска држава?
– Мислам дека,тоа нема да биде лесно но единствениот начин да си ги задржиме младите дома е барем двојно да ги зголемиме просечните плати и да отвориме многу повеќе работни места во следните неколку години и ако гледаме какви се бројките на држави со кои може да се споредуваме,Романија и Бугарија кога влегоа во 2007 Бугарија ги дуплираше платите сега е над 500 -550 евра а пред тоа била под 250 евра од 2007 до 2018 година а невработеноста им паднала од 16-17 % на 5 %.Има земји како на пример Полска и Словачка кои тоа го направиле поуспешно со триплирани просечни плати во малку подолг период бидејќи влегоа порано во 2004 година што практично и да нема невработеност од само 2-3 % .Тоа значи дека шансите ќе се отворат ќе има поголема поддршка ама пак ќе биде на нас тоа да знаеме да го искористиме и да го сработиме меѓутоа без таква шанса ќе продолжат среќата да си ја бараат надвор.Јас сум убеден дека само во успешна Македонија ќе можеме да очекуваме младите да се вратат и да ја гледаат иднината овде нема друг пат.И како ќе се натпреваруваме со пасош кој дава работа во ЕУ ако нашиот не е вреден,плус Брисел со пристапните преговори ќе добие,како што рече премиерот Заев,камшик,ќе ни ги лови грешките многу потемелно и подлабоко.Судот бидејќи не е дел од извршната власт,иако ние можеме да поттикнуваме,можеме да праќаме пораки бидете независни,немојте да правите нешто што мислите дека ќе ја задоволи Владата, ќе мора да биде поефикасен,понезависен и мора да има правда тоа е важно и за економијата,за граѓаните така што ние сме сега во еден многу надежен момент и на нас сите е дали ќе зачекориме напред или ќе се вратиме назад,сега сме во получекор.Напред води кон голема шанса Македонија да ја биде сите нас како граѓани заедно, назад не води таму каде што бевме во изолација и неизвесност.
– Крива Паланка има одлични услови за развој на земјоделието,што ќе значи влезот во ЕУ и НАТО?
– ЕУ инвестира 15 –ина милиони евра годишно во Македонија во делот на земјоделието тие фондови ќе се зголемат,искуствата на новите членки се дека приходите на земјоделците растат за 70 % пред влезот и по влезот и тоа ќе има голем ефект,исто и врз инфраструктурата и мислам дека и делегацијата на ЕУ оди и го обајснува сево ова на граѓаните со тоа убаво мото Замисли ја европската иднина.
-Македонците се мудри кога се во прашање донесување на вакви важни одлуки?
– Јас немам дилеми дека знаеме да ја искористиме оваа шанса исто и ова бара самодоверба кои сме,ова што претходно го правевме како политика беше малку како комплекс,несигурност,карањето со соседите ,стравот од соседите..Кој може мене ако сум исправен и рамноправен да ми каже не си Македонец,никој нас тоа не може да ни го каже,не треба да имаме таков страв и таков комплекс,да се исправиме,рамноправни сме со сите и тие растат не само тие,тешко оди и кај нашиет соседи во Грција со овој компромис и со Бугарија ќе си иамме уште многу разговориама време е 21 век е нашиот регион да си го посредиме малку и ова се чекори во тој правец и за нив не само за нас.