Иницијатива за конгрес: Мицкоски има обврска да објасни што сработел овие три години

На Македонија и треба сплотена и обединета ВМРО-ДПМНЕ. Без сплотена и обединета ВМРО-ДПМНЕ, власта ќе продолжи да се чувствува комотно, а нејзината неодговорност ќе оди на штета на сите граѓани и државата.
ВМРО-ДПМНЕ треба да биде пример како се работи отчетно и одговорно.Тој пример треба да го покаже сеуште актуелниот претседател Христијан Мицкоски со појавување пред делегатите на вонредниот конгрес закажан за 28 март во Скопје.- стои во најновото соопштение од Иницијативниот одбор за вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ.

Неговото одбивање да се соочи со сопартијците кои му ја дадоа довербата на вонредниот конгрес во Валандово, може да биде оправдување за секое идно неодговорно однесување на власта.

ВМРО-ДПМНЕ мора да постави нови стандарди во политиката доколку сака да се наметне во јавноста како сериозна алтернатива на власта.

ВМРО-ДПМНЕ треба да ги подигне критериумите кои го доведоа народот во апатија.

ВМРО-ДПМНЕ има обврска пред членството и симпатизерите да ги врати 150 000 гласови кои беа загубени од изборите во 2016 година до изборите во 2020 година.

Најодговорен за тоа е Христијан Мицкоски кој има обврска да објасни првин пред своите сопартијци се што сработел овие три години и дали ефектот од тоа што го сработел ги задоволува неговите очекувања и претходно поставени цели.

Дали се точни партиските информации кои се лиферуваат по медиумите дека Мицкоски обезбедил мнозинство и доколку се точни, зошто тогаш и се остава еден ден повеќе на власта доколку тоа е на штета на Македонија ?

Кој е ставот на Мицкоски во однос на изјавите на Арбен Таравари, генерален секретар на Алијанса за Албанците, дека нема коалиција со партија која не ги признава Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија ?

Овие прашања заслужуваат одговор пред делегатите на конгресот.

17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на обединување и нов почеток.

17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на соочување со грешките и пропустите и нивно надминување.

17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес кој ќе донесе нова енергија и верба дека партијата знае и умее да победува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e