Информативната редакција на 1ТВ: Продолжуваме со работа!

Минатата недела, телевизијата за која  во изминатиов период се врзуваа многу настани, односно нејзините вработени, објавија дека ја прекинуваат информативната програма до некои следни времиња.

Но денес, на порталот на 1ТВ, се појави информација дека продолжуваат со работа:

,,Медиумскиот етер во Македонија, не познава друга платформа каде што граѓаните во толку голем процент биле директни учесници во програмата.

Концептот на делување на телевизијата послужи како платформа за изразување но и за значајна промоција на нови генерации на критичари, аналитичари, експерти, правници, економисти, режисери, нови генерации во модерната технологија, спортисти и музичари.

По куса пауза, информативната редакција на 1ТВ во согласност со зацртаните програмски определби продолжува со вести и информативни содржини. Уредници на Централниот дневник на 1ТВ вечерва во 20 часот се Александар Петрески и Сашо Орданоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e