Инцидент се случил вчера за време на армиска вежба на полигонот „Пенуш“ во рамки на армискиот полигон Криволак, дознава и пренесува 24инфо.мк.
Имено, до редакцијата пристигнале информации од сведоци дека дошло до физичка пресметка помеѓу припадници на Армијата.
Според пишувањата на сведоците, до тепачката дошло кога еден од надредените удрил еден од војниците, по што настанала мешаница на полигонот.
Според нив, веќе извесен период постои грубо однесување од надредените, а односите меѓу војниците веќе не се на колегијално ниво.
Армијата претходно во фокусот на јавноста се најде со слуачите на шуга која се појави во касарната во Велес, по што следуваше и реакција од Независниот синдикат на професионалните војници кој алармираше на лошите услови за работа и живот на војниците.
