Бизнисменот Сеад Кочан утрово не се појавил во затвор за издржување на казната.
Од Кривичниот суд велат дека Кочан дури утринава го примил решението за издржување затворска казна.
Вчера судот соопшти дека Кривичниот совет донел одлука со која се одбива жалбата на бизнименот Сеад Кочан и тој како осудено лице е должно веднаш да се јави на издржување на затворската казна. Кочан првично беше осуден на шест години затвор, а Апелација му ја намали казната на четири години и осум месеци. Тој е осуден во предметот „Труст“ за добивање милионски тендер од ЕЛЕМ.