Изјава за медиуми,
Ана Манасиева, потпретседателка на СДММ
Скопје, 11.11.2018
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Оваа година, ние-младите социјалдемократи, 27-миот роденден го одбележуваме со повеќе младински акции за хуманост, солидарност, помош и поддршка на нашите сограѓани.
Наместо прослави и забави, овој викенд, младински хуманитарни акции се спроведоа во 27 Локални клубови на СДММ, во 27 општини ширум Македонија.
Младите од 27 општини собираа топла облека и обувки, храна, средства за лична хигиена, посетија повеќе семејства и социјално ранливи граѓани на кои им е неопходна помош и донираа.
Младинските акции на СДММ ќе продолжуваат и следната недела. Следуваат неколку еколошки акции, повеќе хуманитарни настани, спортски турнири и слични активности преку кои нема само да ја одбележиме 27 годишнината на СДММ туку преку конкретни активности ќе придонесеме и ќе им помогнеме на социјално ранливите, на нашите сограѓани.
Социјалдемократската младина ги повикува сите млади луѓе кои што ги делат истите вредности, на кои хуманоста, солидарноста, рамноправноста и помагањето им се во срцето да се приклучат во овие акции.
Ајде заедно да помогнеме, да предизвикаме повеќе насмевки, да дадеме придонес во градењето фер и еднакво општество за сите.