Се наближува крајот на првото тромесечје од “Мој ДДВ”. Портпаролот на Владата, Муамет Хоџа им порачува на граѓаните кои досега не ја презеле апликацијата “Мој ДДВ” да го направат тоа и да не пропуштаат да го остварат правото на поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ!
-Во декември 2019 следува e првата исплата на трансакциските сметки на граѓаните. Скенирајте ги фискалните сметки и кога го пиете кафето со вашите пријатели после работа. Заедно придонесуваме за намалувањето на сивата економија, истакна Хоџа.
