Хани: Членот 11 со кој Иванов го даде помилувањето е избришан во 2009 година

Тахир Хани од ДУИ во вечерашното издание на емисијата „Патот кон“ на Алсат, ги анализира точките во кои се појавуваат дилеми во врска со прашањето дали помилувањето од  поранешниот претседател Ѓорге Иванов е согласно Уставот и и законите.

Како што вели Хани, правото на помилување од страна на претседателот се споменувало во Уставот, што било регулирано со законот за помилување, воведен во 1993 година. Согласно членот 11 од тој закон, претседателот имал право да помилува, но дилемите се појавуваат по 2009 година кога е направена измена на законот, а членот 11 е избришан.

„Ние имаме последователни последици каде за политички ситуации имаме политички одлуки, а не правни одлуки, но каде членот 11 на Законот од 1993 година му даваше правна можност на Претседателот неговите политички цели да ги претвора во правни акти искористувајќи го членот 11. Целата оваа комплексна дилема сега се отвора повторно во овој момент и се дискутира за фактот дали одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов е во рамки на законот и Уставот или не е“, вели Хани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e