Хан пристигна во Скопје и порача: Блиску сте за да направите голем чекор во октомври

Блиску сте за да направите голем чекор во октомври, рече еврокомесарот Јоханес Хан, изразувајќи надеж дека тогаш Македонија би можела да ги започне преговорите за членство во ЕУ. Хан изрази жалење за протпуштената можност во јуни, но како што рече, потребни се и реформи.

-Жали за јуни бидејќи земјата испорача се што се бараше од неа, но неопхоно е да се спроведат реформите. Корупцијата и оранизираниор криминал се главните точки на кои треба да биде фокусирана владата, рече Хан.

Еврокомесарот беше дециден веднаш да се преземат чекори и да се обезбеди независно обинителство.

Според него, сите политички партии треба да покажат отвореност за соработка и да бидат фокусирани на октомври и добивањето на датум за почеток на преговори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e