Хан пристигна во Македонија, Започнува скриниг процесот

Република Македонија има причини да слави и да се впушти во работа. Во јуни лани при првата посета на Брисел договоривме заеднички пристап, се договоривме дека ќе испорачаме резултати а ЕУ дека ќе даде награда со почеток на преговорите. Забележавме два успеси во добрососедските односи, договорот со Бугарија и договорот со Грција. Денес со еврокомесарот Хан утврдивме заедничка динамика на чекорите во следниот период. Влада го назначи Бујар Османи за шеф на делегацијата со ЕУ, Бојан Маричиќ технички преговарач. СЕП и МНР треба да изработат концепт за формирање преговарачка структура.

Еврокомесарот пак вели дека скринингот ќе и помогне на аминистрацијата да се запознае со европското законодавство. Но тој смета дека има уште долг пат за одење.

– Ова е нешто што нема да го заборавиме, успехот кој беше постигнат периодов наназад. Поканата од НАТО е уште еден позитивен момент кој на вашите граѓани ќе им гарантира мир и безбедност. Благодарам за одлучноста, договорот со Грција е огромен чекор а од мене лично ќе добивате поддршка. Сега на граѓаните да одлучат за судбината на оваа земја. Ги охрабрувам граѓаните да учествуваат на референдумот особено младите да одлучуваат. Младите треба да разберат дека секој глас се брои, да излезат да гласаат и да го искористат своето право. Скринингот ќе и овозможи на администрацијата да се запознае подобро со европското законодавство. Национално единство е потребен за да се одреди европската иднина на земјата. Европската иднина на земјата треба да се сфати како национална цел, затоа партиите треба да ги поддржат реформите и да се издигнат над своите партиски интереси.

Според најавите, најверојатно утре вечер ќе има лидерска средба но која Заев ќе бара партиски консензус за спроведување на реформските процеси, побрзо затворање на поглавјата и почеток на преговарачкиот процес со Европската унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e