Хан е уверен дека договор за името е можен во наредните недели

Еврокомесарот Јоханес Хан во интервју за Дојче Веле зборува за европерспективите на Западен Балкан, за преговорите за името меѓу Скопје и Атина, како и работата на актуелната влада и делувањето на опозицијата во Македонија.

„Длабоко сум уверен дека во наредните недели може да дојде до договор. Мислам дека тие сега отворија нова страница во нивните односи. Исто така и односот меѓу Скопје и Софија е унапреден. Тие сега постигнаа договор за добрососедство за кој се преговараше со години, така што мислам дека новата влада во Скопје врши прилично добра работа. Исто така го поздравувам и го ценам тоа што опозицијата сега е во многу поконструктивен модус, се врати во парламентот, учествува во политичкиот живот и особено во севкупната цел – европската перспектива“ – вака гласи одговорот на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на прашањето: што очекува од преговорите меѓу Македонија и Грција за спорот за името во рамките на интервјуто за Дојче Веле.

Целoто интервју со Јоханес Хан за Дојче Веле прочитајте го ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e