Хајредини: Мора да се расчистат кадрите што му служеле на Груевски

Kорупцијата е ендемска проблематика на Балканот, а судството се уште не е независно – сметаат гостите на Ордановски во „Печат на неделата“.

Џевдет Хајредини потенцираше дека Заев ги повикал граѓаните да пријавуваат корупција, но тој се уште не може да гарантира независно судство, на што се надоврза Јадранка Костова велејќи дека судството се уште не е ослободено. Двајцата се согласија дека против функционери од ДУИ се уште нема постапки, а и тие беа дел од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ.

„Мора да се расчистат кадрите кои му служеле на Груевски“ – рече Хајредини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e