Денешното рочиште во судот во Солун на кое требаше да се појават поранешниот началник на Петтаа управа, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошковски е одложено за 17 мај, Денешното рочиште кое беше за лажните пасоши е одложено, бидејќи еден од обвинетите со исто дело како она на Грујевски и Бошковски не бил спроведен во судот.
Нив требаше да им се суди како на група фатена со лажни пасоши и без правен статус во Грција.
Алсат М јави дека во консултација со адвокатите од Грција кои ги застапуваат веќе е поднесено барање за политички азил.
На 13 декември исто така Солунскиот суд треба да одлучи дали ќе го прифати барањето тие да бидат екстрадирани во Македонија. Нивните адвокати кусо објаснуваат дека во секој случај ќе има право на жалба која ќе го одложи нивното испорачување бидејќи жалбата оди до Врховниот суд во Атина.
Судското рочиште за нивна екстрадиција што беше закажано за 29 ноември беше одложено за 13 декември поради отсуство на адвокат од тричлениот адвокатски тим на Грујевски и Бошковски, од една страна, и некомплетираниот превод на документацијата испратена од македонското Министерство за правда, од друга страна.
Дотогаш се очекува судот да ги добие преводите на документите, испратени од македонското Министерство за правда.
Грујевски и Бошковски во меѓувреме остануваат во притвор во Солун.
Двајцата беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.
Грујевски и Бошковски се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, случаи познати како „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“. Македонските власти на 6 номври ја доставија документацијата за нивна екстрадиција од Грција.
Извор: НОВА ТВ