Обвинетите од СЈО, Горан Груевски и Никола Бошковски, денеска требаше да ја слушнат пресудата за екстрадиција од страна на Грција, по објавената потерница од министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
При читањето на пресудата, Груевски и Бошковски изјавиле дека не ја разбирале пресудата која била прочитана на македонски јазик по што тамошното обвинителство понудило опција пресудата да се прочита на бугарски јазик бидејки од одбраната побарале пресудата да се прочита на мајчин јазик, бугарскиот, според пасошите под кои се водат обвнитетите.
Засега извесно е само дека Грујевски и Бошковски новогодишната ноќ ќе ја поминат во грчки затвор. Изрекувањето на пресудата е одложено за јануари 2018.