Осудениот екс премиер, Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, во интервју за „Република“ открива нови детали во врска вооружената престрелка во кумановско Диво Насеље која се случи во 2015 година. Тој вели дека добил разузнувачки информации за целите и мотивите за нападот.
За осудените тој вели дека пред да ја преминат границата и да влезат во Македонија, некои од нив се обидувале да извршат рекет и изнуда на пари од висок албански политичар и партија. Груевски не кажува за кого станува збор.
-Првиот момент кога испратија сигнали за предавање, им беше овозможено. Но, токму тогаш тие покажаа дека се кукавици. Според информациите, тие направија кукавички чекор што побараа можност сите да се предадат, полицијата се согласи, извадија бело знаме, излегоа со кренати раце, за кога полицијата која им даде шанса за живот, излезе од барикадите за да ги прифати, одзади некој од нивната група уби неколку полицајци. Тоа потег не е баш витешки, како што сакаат да се прикажат некои од нив. Но и покрај тоа, кога по неколку часа и преостанатите побараа можност да се предадат и покрај кукавичкото чин при првото предавање, полицијата повторно им даде шанса да живеат и да бидат изведени пред суд. Ако полицијата сакала да ги ликвидира, можела да не го прифати апелот за предавање, особено вториот пат после подмолното убивање од заседа – тврди Груевски.
За инцидентот во затворот во Шуто Оризари, каде беа повредени поранешните министри, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, тој вели дека зад него стои власта. Груевски се сомнева дека малку фалело за двајцата поранешни функционери да бидат ликвидирани.
Целиот текст прочитајте го на Фокус.
