Груевски се самопрогласи за „кошмар“

Биле опседнати со мене? Има и зошто…

Со луѓето се сменија времињата и вредностите.

Никогаш никој не бил совршен или безгрешен, ама ни вакви ,,дрва,, како овие. – напиша бегалецот во Будимпешта Никола Груевски.

Некогаш вест од политичарите беше кога некој проблем кој тиштеше многу народ ќе се решеше, реформа ќе се најавеше или спроведеше, инвеститор ќе отвореше фабрика, проект ќе се изградеше или ќе започнеше да се гради, апарати за болните ќе се набавеа, пензии или плати ќе се покачеа, илјадници ветени проекти ќе се исполнуваа, па кога доцнеа критика и така… – наведува Груевски во Фб статусот.

Да, имаат дебела причина да се опседнати со мене и да ме осудат не две, туку 200 години затвор. Ама тоа нема да им ги излечи комплексите, тие само ќе растат, нема да ја промени тажната реалност на масовно иселување, ни нивната неспособност а најмалку огромната разочараност на народот од оваа банда натрапнци…

Поздрав од нивниот кошмар – заклучува екс премиерот во бегство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e