Груевски призна дека неговиот телохранител од Виена разговарал со Нинџа

Телохранителот на Никола Груевски, Благоја Василевски од Виена телефонски разговарал со брат му Александар Василевски – Нинџа обвинет за крвавиот упад во Собранието на 27 април. Информацијата денеска ја потврди екс-лидерот на ВМРО – ДПМНЕ. Инаку, Нинџа, кој се уште е во бегство и е директно инволвиран со насилниот упад на организирана група со фантомки во Парламентот. Бодигардот, додека го обезбедувал Груевски кој бил во работна посета во Австрија на 27 април лани, освен со брат му, комуницирал и со сопругата.

„Јас разговарав со членот на моето обезбедување, кога го прашав дали, откако ги прочитав овие наоди, дали имало некаков разговор, ми рече дека како и секој друг кога ќе замине на пат во странство, имал телефонски краток разговор со неговата сопруга, семејни разговори и со неговиот брат, семејни разговори и тоа е се, ништо повеќе од тоа“, рече Груевски.

Алсат-М

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e