На Никола Груевски, од утре до петок, ќе му се суди во континутет за неколку кривични предмети по кои постапува Специјалното јавно обвинителство, пишува Правосудство.мк.
Имено, тој утре треба да се најде на обвинителна клупа за случајот наречен „Тенк“, односно за набавката на службениот „мерцедес“, вреден 600.000 евра, а кој од неодмна е ставен на листа за продажба, по пат на јавно наддавање. На судењето, кое ќе продолќи во среда и во четврток, заедно со Груевски ќе треба да дојде и обвинетата Гордана Јанкулоска.
Во вторник, кога на Груевски ќе му се суди за „шамарите во Оптина Центар“, во скопскиот кривичен суд ќе се појави и обвинетата Елизабета Канческа-Милевска, а кога во петок кога нему му е редовен ден за јавување, но и за судење за случајот „ТНТ“, односно за бесправното уривање на станбено-деловниот комплекс „Космос“ тој ќе може да ги сретне овинетите за нелегално прислушување.