Груевски: Не сум терал никого да стори кривично дело

-Не сум сторил ништо од тоа за што сум обвинет. Јас само раководев со партија која победуваше на сите избори, изјави поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во воведните зборови за предметот „Титаник”.

Тој е првообвинет во овој случај за изборни измами и за злосторничко здружување.

„Инсинуации се наводите дека сум се договорил со некој од обвинетите и дека сум натерал да стори кривично дело“, рече Груевски.

Тој смета дека Специјалното јавно обвинителство нема докази, дека ги конструира овие случаи бидејќи партијата на која бил лидер до лани во декември, имала убедливо водство на сите избори.

Во „Титаник“ обвинети се Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска-Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се обвинети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Извор: МКД

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e