Екс премиерот и и бегалец во Будимпешта, Никола Груевски, се јави на својот ФБ профил со коментар за актуелните случувања со предметот „Поткуп“ кој се однесува на актуелниот премиер Зоран Заев.
Најверојатно понесен од идејата неговиот Фб статус да изгледа досетливо и иронично, Груевски во негов стил напиша:

…најверојатно апелациските судии и Кацарска во Основниот суд претходно брзаа да го решат предметот ,,Тенк,, за да не ме држат во неизвесност и во исчекување. Тоа е преголема почит, да ми помогнат, од љубов, хуманост и човекољубие…
А ова што го развлекуваат за Заев по година, две и повеќе е за да го измачуваат. Да види тој како е година две да не ти го решаваат предметот, па дури потоа да те ослободат.
Интегритет покажуваат. Не го фермаат. Го ослободуваат и чао, кој го прашува, не му се плашат!
Сега после избори, или ако сакаат уште малку да го мачат можеби и подоцна, кога ќе му „треснат“ на Заев една ослободителна пресуда на маса овие од апелација, ќе ја засенат и Кацарска…
Па изнервиран тој од нив, кога ќе фати да ги унапредува, има лом да биде…
