Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за време на постизборните преговори за формирање на влада со лидерот на ДУИ Али Ахмети, предложил проширување на употребата албанскиот јазик во собранието, владата, полицијата и во повеќе други институции и домени, покажува драфт-верзијата на законот што ја обезбеди Фокус од луѓе вклучени во преговорите за формирање на нова влада.
Воведниот дел од оваа работна верзија на законот изготвена од ВМРО-ДПМНЕ, која беше оценета како недоволна од страна на раководството на ДУИ, гласи дека на целата територија на РМ и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, а друг јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо во повеќе области.
Покрај македонскиот јазик, во неа се наведува дека службен јазик е јазикот што го говорат најмалку 20 отсто од граѓаните во РМ во сите органи на државната власт во РМ, централните инстиуции и други јавни претпријатија, установи, организации и правни лица што вршат јавни овластувања.
Целиот текст на Фокус прочитајте го тука