Груевски ќе се бара со други правни акти – Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи двегодишната затворска казна за набавката на „мерцедесот“, пишува „Макфакс“.

Правните акти преку кои ќе се бара екстрадицијата на Груевски се Законот за меѓународна правна соработка во кривичната материја, Европската конвенција за екстрадиција од 1957 година и одредбите од Договорот меѓу СФРЈ и Народна република Унгарија за заемна правна помош од 1968 година.

На идентичен начин Македонија од Грција бараше екстрадиција на бегалците Горан Груејвски и Никола Бошковски, бидејќи со таа држава Македонија нема меѓудржавен договор за екстрадиција.

Интересно е што Македонија и Унгарија годинава склучиле меѓувладин договор за полициска соработка. Договорот меѓу двете држави е потпишан на 20 март 2018 година во Будимпешта, Унгарија, а го ратификувало македонското Собрание во јуни годинава.

Зелено светло во ист ден за Законот (26 јуни) дале и комисијата за надворешна политика и законодавно-правната комисија. На пленарната седница кога се гласал Законот присутни биле 96 пратеници, од кои „за“ гласале 62 пратеници. Меѓу нив биле и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев и Драган Данев, како и Панчо Минов од ГРОМ како дел од коалицијата со опозициската партија.

Во изгласаниот закон пишува дека земјите ќе соработуваат меѓу другото и во полето на нелегалното поминување на границата. Но, договорот не се однесува на давање односно укажување меѓународна кривично-правна помош за кривични дела и екстрадиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e