Груевски и Јанакиески во судница ги слушаат „бомбите“ за „Траекторија“

На денешното рочиште за случајот „Траекторија“ во судница се слушаат „бомбите“, а присутни се сите обвинети, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Јавни патишта, Љупчо Георгиевски.

Четворицата обвинети во случајот „Траекторија“, поранешни високи функционери, се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Тие според СЈО, нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач ѝ овозможиле да се стекне со имотна корист.

Извор: МКД

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e