Екс премиерот, Никола Груевски, ги отпиша своите две ќерки од основното училиште „Димитар Миладинов“, во Скопје, со намера најверојатно да ги запише во приватно училиште, пишива порталот Фокус. Последен пат децата биле на училиште во понеделникот, а последниве два дена не се појавиле на настава.
Едната ќерка на Груевски е петто одделение, а другата е второ. Неофицијално, сопругата на Груевски, Боркица Груевска, во вторникот побарала исписница во училиштето, но без да наведе причина. Наставниците се шокирани затоа што децата се испишуваат ненадејно само неколку дена по почетокот на учебната година и без никакво образложение.
Директорката на училиштето, Маја Ангелова, одбила да ја потврди информацијата за Фокус. Била побарана на нејзиниот телелфонски број, ја спушти слушалката откако новинарот се претставил дека е од порталот Фокус.
Училиштето, инаку, често беше на мета на критики во јавноста поради изборот на директорот. Вработените, пак, тврдеа дека по желба на Груевски биле бирани наставниците кои ќе ги учат неговите деца и дека оние кои не припаѓале на неговата партија биле одбивани како неподобни.